Голем број граѓани од Гостивар во изминатите неколку дена побарале лекарска помош поради симптоми кои се поврзуваат со проблемот со водоснабдувањето во градот. Како што информираат од Општата болница „Д-р Ферид Мурад“, во установата биле пријавени околу 1.000 до 1.200 пациенти со симптоми како повраќање, дијареја, болки во желудникот, покачена температура и општа слабост.
„Во врска со епидемијата која се шири во Гостивар овие 3-4 дена, заради која имаме голем број на пациенти на кои им е дадена медицинска помош во нашата установа, направивме и зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде има голем број пациенти“, информираат од болницата.
Инфектолози и епидемиолози испитуваат што се случува и зошто последните три дена нагло е зголемен бројот на пациенти кои бараат помош во болницата, но се уште не е пронајден изворот на заразата.
По наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење.



