Општина Чешиново-Облешево згрижи неколку повредени штркови по невремето

featured
Press Online
25 Korrik 2026, 18:25

По силното невреме што неодамна ја зафати Општина Чешиново-Облешево, локалната самоуправа згрижи неколку млади штркови кои паднале од своите гнезда. За птиците секојдневно се обезбедуваат соодветна нега, храна и вода, сѐ до нивното целосно закрепнување.

Од Општината информираат дека два од згрижените штркови веќе се подготвени повторно да полетаат, додека за останатите ќе продолжи грижата сѐ додека не бидат способни да се вратат во природата и да му се приклучат на јатото.

Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Јорданче Костадинов, изрази надеж дека во иднина ќе биде изграден згрижувачки центар наменет токму за овој вид заштитени птици, со цел да се овозможи соодветна грижа при вакви ситуации.

Од Општината упатуваат апел до граѓани да помогнат во згрижувањето и прехранувањето на младите штркови кои по невремето останале без своите гнезда, за што побрзо да закрепнат и повторно да полетаат. 

Adresa juaj email s’do të bëhet publike. Fushat e domosdoshme janë shënuar me një *

0/30 karakter