Водата во Маврово привремено не е за пиење

featured
Press Online
27 Korrik 2026, 22:51

Жителите на дел од Маврово привремено не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, поради превентивни активности за чистење на водоводната мрежа, соопшти Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“.

Како што информираат од претпријатието, интервенцијата ќе се спроведе на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови, со цел подобрување на состојбата и одржување на водоводниот систем.

Во текот на чистењето, граѓаните се повикуваат да не ја користат водата за пиење, туку исклучиво за технички потреби.

Од ЈП „Маврово“ додаваат дека по завршувањето на превентивните активности ќе бидат направени потребните проверки, по што јавноста ќе биде навремено известена кога водата повторно ќе биде безбедна за консумирање, објави 4news.mk

Adresa juaj email s’do të bëhet publike. Fushat e domosdoshme janë shënuar me një *

0/30 karakter