Гори парк-шумата во скопската општина Гази Баба. Чадот се забележува од повеќе места во Скопје. Огнот е многу блиску до населеното место.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопштија дека екипи на Скопската пожарна се на терен.



